Седум лица загинаа во експлозија во Сомалија

Од:

Седум лица загинаа, а 15 беа ранети во напад со автомобил-бомба врз конвој на мировните сили на Африканската унија покрај Могадишу, јави ДПА.

– Бомбата очигледно не ја погодила целта, со оглед на тоа што сите убиени и ранети се цивили, изјави претставник на сомалиските власти.

Нападот е извршен во регион, каде се наоѓаат претставници на Обединетите нации, чиј објект беше нападнат минатиот месец, кога загинаа повеќе од 12 лица. Одговорноста за тој напад ја презеде исламистичката групација Ал Шабаб.

Засега никој не ја презел одговорноста за денешниот напад.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија