Седум лица загинаа, откако авион се урна на терен за голф

Од:

Седум лица, меѓу кои шестмина туристи од Велика Бртанија и Шпанија загинаа, кога мал авион, со кој полетаа од Пунта Кана во Доминиканската Република, се урна на терен за голф, соопштија локалните власти.

Меѓу загинатите е и пилотот од Доминиканската Република, Хектор Соријано (37), соопшти Канцеларијата за цивилно воздухопловство, додека имињата на туристите не се објавени.

Засега не е познато колку точно туристи имало од Велика Британја, а колку од Шпанија.

Причината за несреќата не е позната, но сведоците наведуваат дека пилотот се обидел да слета на теренот за голф, што укажува на можен проблем со моторот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Несреќа во каменолом крај Росоман: Се преврте камион, тешко повреден е возачот

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски