Седум климатски активистки уапсени откако ја оштетија банката Барлис во Лондон

Од:

Полицијата во Лодон денеска уапси седум климатски активистки пред седиштето на една од најголемите британски банки Барклис, откако ги искршија прозорците во знак на протест поради улогата која финансискиот сектор ја има во климатските промени.

Активистите од групата „Екстикшн ребелион“ со чекани ги искршија прозорците, а потоа ја оставија пораката „Скршете го стаклото во случај на климатска опасност“ на предната зграда на банката, пренесува британски „Сан“.

Групата вели дека потегот е дел од нивниот „Money Rebellion”, протест насочен против капиталистичкиот систем со „предизвикување штета на имотот со ненасилно директно дејствување за да се сврти вниманието кон уште поголема штета“.

Тие ја обвинија банката за „постојано вложување во активности кои директно придонесуваат за итната климатска и еколошка ситуација“.

Потегот на групата против Барклис следува откако минатата недела активистите со црна боја ја испрскаа фасадата на Централната англиска банка.

„Можеби не ви се допаѓа нашата денешна постапка, но ве молиме споредете ја пукнатината на прозорецот со финансиските трошоци заради пожари во шумите и поплавените домови“, рече Софи Ковен, 30-годишна активистка од Лондон.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон