Најмалку седум лица го загубија животот, додека повеќе десетици се ранети во неколкуте одвоени судири на демонстрантите и полицијата во Бангладеш, пренесе агенцијата Анадолија.
До судир дојде во токот на протестот на члановите на коалицијата од происламистички партии, што е одржан по повод објавувањето на материјал со навредлива соддржина на Интернет страницата на невладина организација која повикува на смртна казна за лидерот на Исламското здружение во оваа земја, соопштија официјални претставници.
Според истиот извор, објавените материјали ги навредуваат исламските вредности и пророкот Мухамед.
Според последните податоци, во протестите оддржани ширум земјата животот го загубиле седум лица.
Во сузбивањето на демонстрациите припадниците на полициските сили користиле боева муниција и солзавец.
Меѓу повредените има жени и деца.