Седете и опуштете се, се ќе заврши добро, порача Трамп

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи на својата социјална мрежа Truth Social, тврдејќи дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Во исто време, тој жестоко ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран.

„Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници постојано и негативно „цврчат“, на нивоа што никогаш порано не се виделе, повторувајќи одново и одново дека треба да одам побрзо, или да одам побавно, или да одам во војна, или да не одам во војна, или што и да е? Само седнете и опуштете се, на крајот сè ќе се среди – секогаш така е!“, рече Трамп.

Интересно е што американскиот претседател воопшто не го споменува иранскиот напад врз цели во Кувајт во својата последна изјава, ниту пак жестоките воздушни напади на САД врз цели во Иран што беа извршени во текот на викендот.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби