Се зголемува довербата на европските граѓани во ЕУ

Од:

Последното испитување на јавното мислење на европските граѓани покажува зголемување на довербата во Европската унија, како и зголемен оптимизам за економијата, ова се дел од резултатите на последното истражување на Евробарометарот.

Европејците се главно оптимисти за иднината на ЕУ. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, 50 отсто од граѓаните на ЕУ имаат позитивно мислење за европската економија, што е највисоката стапка од 2007 година, пред почетокот на финансиската криза, и претставува големување од два процентни поени во однос на минатата година. Триесет и седум проценти од граѓаните имаат негативно мислење на оваа тема, што е пад од два процентни поена во однос на лани.

Довербата во ЕУ е зголемена за еден процентен поен на 42 отсто, на највисоко ниво од 2010 година. Најголема доверба имаат Литванците со 66 отсто, потоа Португалија, Данска, Луксембург и Бугарија, додека најниска е во Грција. Во однос на есента 2017 година, довербата во ЕУ е зголемена во 19 земји членки, а највеќе во Португалија и Словенија.

Што се однесува до европските политики и успеси, европските граѓани се најпозитивни кон слободното движење во Унијата со 58 проценти, кон мирот со 54 отсто, и програмата за студентска размена Еразмус, како и евро валутата, и двете со по 24 проценти позитивно мислење.

Поддршаката за еврото останува непроменета на 74 отсто, со највисока поддршка во Естонија, Ирска и Словенија, а најниска во Чешка, Шведска и Велика Британија, на 23 и 26 отсто.

Запрашани кои се нивните најголеми грижи, Европејците одговориле миграцијата и тероризмот.

Според 38 отсто од граѓаните на ЕУ, миграцијата е главен предизвик за Унијата, што претставува пад од еден процентен поен во однос на минатата година. На второ место е тероризмот со 29 проценти, што пак претставува пад од девет процентни поени. На национално ниво, Европејците се најзагрижени за невработеноста, здравството и имиграцијата на последно место со 21 отсто.

Здравството и социјалната заштита се првпат толку високо рангирани од 2017 година.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп