Се зголемува бројот на жртвите од студот во Украина

Од:

Студениот бран во Украина ги однесе животите на 61 лице, откако температурите овој месец достигнаа минус 23 степени Целзиусови.

Претставник на украинското Министерство за здравство истакна дека 43 лица починале од студ на улица, деветмина биле пронајдени мртви во нивните домови, а уште девет починале во болница.

Снежната покривка во земјата достигна околу половина метар, а температурите вечерва би можеле да се спуштат до минус 28 степени во северниот, централниот и источниот дел на Украина, прогнозираат синоптичарите.

Во февруари оваа година, кога земјата со 45 милиони население ја преживеа најстудената зима во последните шест години, повеќе од 130 луѓе починаа од студ.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари