Се зголемува бројот на жртвите од протестите во Иран: Убиени се најмалку 6.100 луѓе

Од:

Иранските активисти соопштија дека во репресијата на власта врз демонстрантите убиени се најмалку 6.126 луѓе. Тие претпоставуваат дека бројот на жртвите е многу поголем.

Според активистите, помеѓу убиените 5.777 се демонстранти, 213 се припадници на иранските владини сили, 86 се деца и 49 цивили кои не протестирале, додека уапсени се над 41.800 луѓе.

Претседателот на САД, Доналд Трамп поради репресијата и убиствата на демонстрантите се закани со воен одговор на кризата во Иран. Техеран одговори дека ќе го вовлече Блиски Исток во војна.

Во меѓувреме, Централната команда на американската војска (CENTCOM) вчера соопшти дека флота воени бродови, вклучувајќи го и „УСС Абрахам Линколн“, пристигнала во Индиски Океан, во нејзината зона на одговорност, која го опфаќа Блиски Исток и го вклучува Иран.

Во соопштението на ЦЕТКОМ се наведува дека борбената група на носачи на авиони моментално е распоредена на Блиски Исток за да се промовира регионалната безбедност и стабилност.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за порталот Аксиос (Axios) изјави дека Иран е заинтересиран за дипломатско решение на тензиите откако носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ пристигна на Блиски Исток.

– Ситуацијата со Иран е променлива, бидејќи САД испратија голема флота во регионот. Имаме голема армада покрај Иран. Поголема од Венецуела. Тие сакаат да постигнат договор. Знам дека е така. Тие се јавија повеќе пати. Тие сакаат да разговараат, наведе Трамп.

Би можело да ве интересира

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Американскиот и иранскиот тим пристигна во Исламабад, почнуваат преговорите

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Ердоган му порача на Пезешкијан: Разговорите меѓу САД и Иран треба да се искористат максимално