Официјални лица од Бангладеш соопштија дека бројот на жртвите од судирот помеѓу траектот и теретниот брод на реката Падма во централен Бангладеш се зголеми на 70 лица, а потрагата е сопрена утрово бидејќи траектот е извлечен на површина, а потоа на брегот на реката.
Рашед Фердуси службеник во локалната самоуправа изјави дека ќе продолжат да ја надгледуваат реката, бидејќи има лица кои се водат како исчезнати, иако не можел да го наведе точниот број.
-Нашите луѓе користат чамци за претрага на реката по телата на загинатите. Но овде ја сопираме потрагата, бидејќи го извлековме траектот – рекол Фердуси, пренесе „Асошиејтед прес“.
Речиси 140 патници биле на преполниот траект кога пловилото вчера попладне по локално време удрило во товарен брод, на реката Падма на преминот Даулатдиа- Патуриа, на 40 километри северозападно од Дака.
Е. Г.