Се зголемува бројот на затворени новинари во светот

Од:

Слободата на медиумите, меѓу другото, беше цел на напади низ светот во 2021 година, се наведува во новиот извештај на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), објавен денеска.

ИФЈ наведува дека во текот на 2021 година, вкупно 365 новинари се нашле зад решетки, во споредба со 235 претходната година.

– Светот треба да се разбуди поради зголеменото кршење на правата на новинарите и медиумските слободи глобално, изјави генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Беленгер. Извештајот е објавен во пресрет на одбележувањето на Денот на човековите права.

Во затвор се наоѓаат 102 новинари во Кина, 34 во Турција, 29 во Белорусија и Еритреја, 27 во Египет и 21 во Виетнам.

Беленгер истакна дека нападите врз новинарите влијаеле врз целото општество.

– Тие укажуваат и на кршење на основното право на луѓето да пристапат до точни, објективни и веродостојни информации за да можат да направат правилен избор за јавните работи, посочи тој.

На три недели до крајот на годината, вкупниот број на загинати новинари на должност треба да биде помал, бидејќи досега 45 новинари го загубиле животот додека известувале, наспроти вкупно 65 лани. Девет новинари се убиени во Авганистан додека известувале, осум во Мексико, четворица во Индија и тројца во Пакистан.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on