Се зголемува бројот на загинати во уривање згради во Марсеј: Пронајдени 4 тела, се трага по исчезнатите

Од:

Француските спасувачи пронајдоа четири тела во урнатините на зградите во Марсеј, јужна Франција, откако зградите се урнаа по експлозија, соопшти денеска полицијата.

Властите претходно соопштија дека идентификувале осум лица исчезнати по вчерашната експлозија, која предизвика уривање на две станбени згради и делумно уривање на трета, објави Ројтерс.

Причината за експлозијата се уште не е позната.

Откривањето на четирите тела е „грозоморно, тешко и драматично“, изјави министерот за домување Оливие Клајн за новинарите во Марсеј, додавајќи дека улогата на владата е да ги поддржи жртвите, нивните семејства и оние кои се евакуирани од нивните домови.

Спасувачките операции продолжија со „грижа и решителност“, а 40 згради во близина на местото на експлозијата беа евакуирани, додаде тој.

Уривањето предизвика пожар што ги искомплицираше спасувачките напори и продолжи да гори утринава. Пет лица со тешки повреди се пренесени во болница, но нивните животи не се во животна опасност.

Би можело да ве интересира

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Се урна авион во Франција, пилотот не успеа да се катапултира

Горан Наумовски