Се зголемува бројот на исламистичките екстремисти во Австрија

Од:

Австриските власти се сомневаат дека околу 130 лица, кои живеат во земјата, повеќето од нив странци, се приклучиле кон исламистите кои се борат во странство, изјавија денеска претставници на австриското Министерство за внатрешни работи.

Тоа е зголемување од околу една третина во споредба со претходните оценки.

– Во оваа бројка се вклучени и луѓе, кои активно учествуваат во борбени операции, како и такви кои се вратиле во Австрија, изјави на прес-конференција началникот на Дирекцијата за јавна безбедност во Министерството, Конрад Коглер.

Според него околу две третини од тие луѓе се вратиле во Австрија, а околу една третина учествуваат во борби или се на пат да се вклучат во нив.

Австриските власти ги следат патувањата и активностите на сите од таа група поради заканите за безбедноста.

Четириесет од 130-те лица се австриски државјани. Повеќето од останатите се од Русија, Турција и балканските земји.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски