Траект со 82 патници и членови на екипажот се запали денеска на Филипините, а најмалку 40 луѓе се спасени, соопштија тамошните претставници на крајбрежната стража.
Акцијата за пребарување и спасување се уште е во тек.
На снимката објавена од крајбрежната стража се гледа пламен и црн чад како излегува од траектот кај пристаништето Батангас, јужно од главниот град Манила. Причината за пожарот не е позната.
Извор: МИА