Без разлика дали станува збор „за резултатите на неговиот табор “ на изборите или за „програмата“ на макроновата партија, бунтовникот Жан-Лук Меланшон е „прв лажго“, изјави и го исмеја Елизабет Борн лидерот на Нупес, пред кандидатите за пратеници од коалцијата Заедно, кои беа на видеоконференција, јави дописникот на МИА.
Левиот сојуз -Нупес го обвини француското МВР дека манипулирало со бројките за да го стави мнозинството во водство. Според официјалните резултати, Заедно“ има многу мала оредност со 25,75 отсто од гласовите наспроти 25,66 отсто за Нупес.
-Кога Жан-Лук Меланшон тврди дека сака да биде премиер, тоа е пред се прв лажго, изјави шефицата на владата, пред неколку коалициски партнери.
Борн изјави дека лидерот на обединетата левица – Нупес, „лаже за резултатите на својот табор со надувување на бројките за да ги има насловните страници“.
Меланшон синоќа, на крајот од првиот круг од законодавните избори, прогласи дека Нупес е „во водство“ и дека ќе биде „присутен во повеќе од 500 изборни единици во вториот круг“. Сепак, според пресметките на Министерството за внатрешни работи, што се оспорени од Нупес, обединетата левица ќе биде надмината со околу 21.000 гласови од таборот на Макрон.
И Нупес во вториот круг ќе излезе во 357 изборни единици, според пребројувањето.
-Од вчера Меланшон повторно ги покажа своите најголеми пропусти: кога не е во водство, ги обвинува бројките, изјави Борн, оценувајќи дека „кога толку ги лаже Французите, тоа значи дека не ги почитува“.
Извор: МИА