Непал се соочува со опасост од епидемија на колера во регионите каде монсунските дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиште во кои животот го загубија околу 90 лица.
Десетици луѓе се сметаат за исчезнати. Поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиште и поплави во западните делови на хималајската држава во близина на границата со Индија, оставајќи најмалку 20.000 лица отсечени од светот.
– Денеска пронајдовме уште четири лица, продолжува потрагата по 109 лица – изјави портпаролот на непалското Министерство за внатрешно работи.
Според него, постои опасност од појава на епидемија на колера поради труповите од луѓе и добиток, сè уште се под вода. Поројните дождови на Хималаите поплавија околу 1.500 села во северниот дел на Индија, каде според локалните власти загинале 29 лица.