Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж има хронична болест на белите дробови, кој може да се вложи во кој било момент, изјави синоќа амбасадорката на Еквадор во Велика Британија, Ана Албан.
– Еквадор ги покрива медицинските трошоци на господин Асанж и ние организиравме редовни лекарски посети за проверка на неговото здравје, посочи Албан во Кито.
Асанж (41) од јуни претстојува во Амбасадата на Еквадор во Лондон, за да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде е обвинет за силување. Британските власти соопштија дека Асанж ќе биде уапсен кога ќе ја напушти Еквадорската амбасада, која е под постојано полициско набљудување.
Еквадорски претставници минатиот месец изразија загриженост поради здравјето на Асанж и побараа од Велика Британија да гарантира безбеден транспорт до болница доколку биде потребно лекување, а потоа со статус на бегалец да може да се врати во Амбасадата.
Асанж кон крајот на август изјави дека ќе чека шест месеци до една година на договор со кој ќе може да ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон.