Се урна мал авион во Австрија, има загинати

Од:

Четири лица загинаа денеска кога се урна мал авион во Горна Австрија.

Авионот се урнал во близина на ски-центарот Касберг во областа Гмунден.

Според полицијата на Горна Австрија, жртвите се уште не се идентификувани.

Потрагата по леталото е започната околу 12 часот, кога авионот исчезнал од радарот. Напорите за пребарување и спасување беа отежнати поради зимските услови, изјави за АПА портпаролката на полицијата Барбара Ридл.

По околу час и половина потрага, првите делови од остатоците на малиот авион со четири седишта беа лоцирани во близина на кабината Сеп Хубер.

Службите за итни случаи ги пронашле остатоците во скијачка област покриена со снег околу 16 часот.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, авион на Јунајтед ерлајнс беше принуден принудно да слета

Се урна руски воен авион Су-25

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски