(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

Од:

Три лица загинаа, а тројца се повредени при уривање на мал авион во близина на градот Перт во западна Австралија, соопштија денеска локалните власти.

Како што се наведува, во несреќата загинале туристи од Швајцарија и Данска и пилотот, пренесува Ројтерс.

Авионот превезувал шест туристи кога се урнал во вторникот попладне кај островот Ротнест, популарна туристичка дестинација на околу 30 километри западно од Перт, се вели во соопштението.

Тројца преживеани туристи се повредени, а властите започнале истрага за причините за несреќата, јавува Танјуг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали Боинг во Денвер, патниците бегаа преку крилото

Катерина Ѓуровски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Торонто

А1он

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски