Се урна хотел во Германија: еден мртов, осуммина заглавени во урнатините

Од:

Едно лице е пронајдено мртво, а осум други останале заробени под урнатините откако синоќа околу 11 часот делумно се урна хотел во германската покраина Рајнланд-Пфалц. Меѓу заробените има и едно дете. Меѓу заробените, некои се тешко повредени, соопшти полицијата.

Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.

На местото на настанот има вкупно околу 250 вработени во полицијата, пожарникарите и спасувачките служби кои се обидуваат да ги извлечат затрупаните.

Според германските медиуми, воспоставен е контакт со детето кое било затрупано под урнатините. Според првичните информации, детето не е повредено.

Јавната мрежа SWR извести дека пожарникарите првично не можеле да влезат во зградата поради опасност од уривање. Соседните згради се евакуирани поради страв дека зградата може дополнително да се урне. Спасувачките операции се во тек на местото на несреќата, во градот Кров во Мозел, на околу 100 километри западно од Франкфурт.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД