Се урна дел од покрив на стадион во Бразил

Од:

Мал дел од покривната конструкција на стадионот во градот Салвадор се урна, а според првичните информации на локалните медиуми, никој не е повреден во овој инцидент во североисточниот дел на Бразил.

Инцидентот на стадионот Арена Фонте Нова се случил, најверојатно поради поројните дождови, а конструкцијата не можела да издржи толку голема количина на вода.

На стадионот по инцидентот веднаш пристигнале екипи на работници, со цел од покривот да се отстрани водата и да се спречи натамошно уривање.

Арена Фонте Нова е еден од стадионите, на кои ова лето ќе се играат натпреварите Куп на конфедерациите, а следната година и дуели на Светското првенство.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски