Мал авион се урна во американската држава Њу Хемпшир, а во несреќата загинаа сите патници, соопштија локалните власти.
Едномоторниот авион „Бичкрафт Сиера“ се урна во зграда северно од локалниот аеродром во Кин, непосредно пред 19 часот по локално време во петокот вечерта, соопшти американската Федерална управа за авијација во е-пошта до Њујорк пост.
Полицијата не соопшти колку луѓе загинале во несреќата, иако авион од овој тип може да превезе најмногу шест лица.