Се урна авион во Конго, меѓу патниците и членови на кабинетот на претседателот

Од:

Сите осум патници и членови на екипажот загинаа кога се урна товарен авион на истокот на Конго. Во авионот биле и некои од членовите на кабинетот на претседателот на Конго Феликс Чисекеди.

– Нема преживеани. Сите тела се целосно изгорени, изјави советникот на претседателот Видије Чиманга.

Во авионот бил возачот на претседателот на Конго и неговиот менаџер за логистика, како и неколку војници.

Авионот полетал кон главниот град Киншаса и исчезнал од радарите вчера попладне, по локално време, еден час по полетувањето.

Тој се урна во шумска област на истокот на земјата, а причината за несреќата сè уште не е позната.

Би можело да ве интересира

СЗО: Еболата се шири во западно Конго

Ана Ололовска

Пет жени мелески од Конго ја тужат Белгија за злосторства против човештвото

Ана Ололовска

Конго прогласи крај на епидемијата на ебола на истокот од земјата

А1он

Најмалку 11 жртви на насилство во Конго

А1он

Околу 1.300 цивили се убиени во последните осум месеци во конфликтите во ДР Конго

Ана Ололовска

Најмалку 20 цивили загинаа во етничкото насилство во ДР Конго

А1он