Се судрија камиони и автобус во Германија: Десетици повредени, шестмина потешко

Од:

Десетици луѓе се повредени денеска во судар меѓу автобус и камион во источната германска покраина Бранденбург, соопшти полицијата, која проценува дека бројот на повредени е 35. Шестмина се тешко повредени, изјави портпаролот на полициската управа.

Спасувачите биле на местото на настанот, каде што камион кој се упатил кон Берлин се обидел да ја смени лентата помеѓу Сторков и Фридерсдорф. Потоа камион удрил во товарно возило, па се судрил со автобусот.

Автобусот, во кој се превезувале тинејџери и возрасни, бил од Полска, соопшти полицијата по несреќата.

Полицијата го затвори автопатот. Од возачите е побарано да најдат алтернативни правци.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

Пешак е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени