Се сретнаа Шолц и Нетанјаху: „Безбедноста на Израел е германски национален интерес“

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Берлин му се заблагодари на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за пријателските односи меѓу Германија и Израел и ја гарантира натамошната поддршка на Германија, особено кога станува збор за безбедноста на оваа земја.

„Ние сме обединети од нашата загриженост за иранската нуклеарна програма. Се согласуваме дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје“, рече Шолц. Тој и Нетанјаху разговараа и за рускиот напад врз Украина и изразија согласност кога станува збор за поддршката на Украина. „Германија, Европа и Израел стојат заедно во поддршка на Украина“, додаде Шолц.

„Ние сè уште сме за решение засновано на две независни држави“, рече Шолц, мислејќи на Блискиот исток, но се спротивстави на изградбата на нови еврејски населби на палестинските територии. Тој се осврна и на спорната судска реформа во Израел, против која беа покренати бројни протести во Израел, но и во Германија.

„Независноста на судството е од голема вредност за демократијата. Како пријатели кои споделуваат демократски вредности со Израел, интензивно, но со загриженост ја следиме дискусијата за судските реформи. Ние се залагаме за најширок општествен консензус за ова прашање“, рече Шолц.

Тој додаде дека се надева оти предлогот за компромисна реформа, предложен од израелскиот претседател Исак Херцог, а отфрлен од Нетанјаху, сепак ќе го најде својот пат до имплементација. За односите меѓу Германија и Израел, германскиот канцелар рече дека тие се блиски, разновидни и единствени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Олаф Шолц исвиркан: „Лажго, бандит“

Ана Ололовска

Германија: Тинејџер прогласен за мозочно мртов по фудбалска тепачка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Турците во Германија ја славеа победата на Ердоган

Израелците пет месеци протестираат против реформите во судството

Германија повлекува над сто владини службеници од Русија по одлуката на Москва

Брат и сестра осомничени дека со другари го организирале убиството на нивниот татко

Горан Наумовски