Пет жители на Судиска Арабија во изминативе пет дена, починаа од новиот вирус, кој наликува на САРС, соопштија од Министерството за здравство.
Во соопштението кое што го пренесува „Франс прес“ стои дека уште две лица се заразени со смртоносниот вирус и дека се наоѓаат на интензивна нега.
Министерството истакна дека сите смртоносните случаи се забележани во провинцијата Ахса, во источниот регион на оваа кралство, богато со нафта.
Овој вирус е откриен прв пат во средината на 2012 година и наликува на САРС, кој ширеше страв во светот пред десет години, кога изби во југоисточна Азија.
Елена Георгиевска