Се самозапалија двајца млади будистички свештеници

Од:

Двајца  тинејџери Тибетанци во југозападна Кина се самозапалиле  во знак на протест против репресијата во кинеските тибетски области.

Станува збор за двајца многу млади будустички свештеници, 18-годишниот Лобсанг Калсанг и 17-годишниот Дамчоек, кои биле пренесени во болница каде починале од големиот степен изгореници со кои се здобиле. Својот очајнички чин го извршиле во градот Аби во покраината Сечуан, центарот на тибетскиот бунт против кинеските власти.

Непосредно пред самозапалувњето, двајцата монаси извикувале пароли против репресијата над тибетанската култура, извести организацијата„ Radio Free Asia“,  цитирајќи Тибетанци кои живеат во егзил а кои имаат контакти со своите истомисленици во Кина.

Вкупно 50 лица, повеќето будистички свештеници, преземале демонстративни чинови на самозапалување или се обиделе да го сторат тоа од почетокот на март 2011 година во кинеските области коишто ги населуваат .

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени