Се самозапали невработен пред агенција за вработување во Франција

Од:

Еден невработен 42-годишен маж се самозапали пред агенцијата на Центарот за вработување во Нант, откако не беше продолжено неговото право за надомест, јави дописникот на МИА од Париз.

За неговиот акт тој ги известил локалните медиуми со електронска пошта, односно дека имал намера да се самозапали ако неговото досие за продолжување на надоместот за невработеност биде отфрлено.

Тој сметаше дека работел доволно часови за да има право на надомест, а според пресметките на Центарот за вработување тој требало да врати и дел од надоместот кој го добил.

Тој претходно се обидел да поднесе пријава во полицијата против Центарот за вработување, но пријавата била отфрлена како невалидна.

Дирекцијата на Центарот за вработување го потврди самоубиството. Агенцијата во Нант беше затворена, а министерот за труд се очекува да се најде на лице место.

Според Центарот за вработување, четириестгодишникот одбил нов состанок со агенцијата за да се најде решение за неговиот случај. Изутринава тој се обидел да влезе во агенцијата, но силите на редот го спречиле и тој се полеал со бензин на паркингот по што се запалил. Силите на редот не можеле да го спасат.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт