СЕ: Русија европски лидер според бројот на смртни случаи и самоубиства во затворите

Од:

Во годишниот извештај на Советот на Европа за условите во затворите се наведува дека Русија е европски лидер според бројот на смртни случаи и самоубиства, пишува „Комерсант“.

Авторите на извештајот откриле дека Русија во споредбра со европските земји, има највисока стапка на смртност, најмногу самоубиства меѓу затворениците, како и најнатрупани казнени установи според бројот на предвидени места.

Русија е прва меѓу државите на континетот и по бројот на осудени за наркокриминал, а одделот за затвореници за убиства е поголем само во Албанија.

Според извештајот, направен од Универзитетот во Лозана, во 2015 година во Русија служеле затворска казна 642.500 лица, вклучително речиси 35.000 жени и 1.700 адолесценти.

Во просек на 100.000 жители, 439,2 лица се лишени од слобода – речиси за четири пати повеќе од просекот во Европа.

По случаи на жени затворенички (8,1 отсто, при просечно 5,2 отсто за Европа) Русија е на трето место, по Андора и Лихтенштајн.

Просечната густина во затворите за 2015 година е 79 лица на 100 места (по четири метри квадратни на човек), доста пониска од просекот за Европа (91,4 на 100 места).

Не се земени предвид статистичките податоци за Украина, Полска, Исланд, Малта, Монако, делумно и за Босна и Херцеговина, бидејќи тамошните власти не ги доставиле бараните информации.

– Европскиот суд за човекови права постојано ги разгледува жалбите за неукажувањето на медицинска помош за затворениците во Русија и отвореното прекршување на правото на живот и правото да не бидат третирани сурово, напомена адвокатката на Центарот за заштита на човековите права „Мемориал“ Татјана Глушкова.

Како причини за слабиот квалитет на медицинска нега во руските затвори таа ги наведува недостигот на квалификуван персонал, недостигот на лекови, вклучително и на оние болести што се распространети во казнените институции, како ХИВ и туберколоза.

Најмногу невини осудени во Русија служат казна „по политички мотиви, иако кај нас се уште нема членови во законот согласни си овие казни“, изјави активистката за заштита на човековите права Олга Романова.

Системот за служење на казните во Русија останува практично автономен, нема намера да се промени и само има потреба од дополнителни средства од буџетот.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот