Жичарницата во швајцарскиот ски-центар Ваисоназ се расипа, па неколку десетици скијачи останаа заробени во гондолите.
„Бевме принудени да ги евакуираме патниците, некои со хеликоптер, некои по санирањето на дефект. Безбедноста на нашите посетители никогаш не била загрозена поради оваа неисправност, но одлуката за евакуација е донесена за да не чекаат предолго“, изјави портпаролот на компанијата НВРМ која стопанисува со ски-лифтовите.
Скијачите привремено ќе мора да користат друг ски-лифт во Ваисоназ, а воведени се автобуси за превоз на туристи.