Се претпоставува дека хакери блиски до иранската Влада се обиделе да влезат во е-поштата на СЗО

Од:

Хакери најверојатно блиски на иранската Влада се обиделе да влезат во личната е-пошта на персоналот на Светската здравствена организација (СЗО) среде пандемијата на новиот коронавирус, изјавија за западни медиуми извори запознаени со тој случај.

Нападите се пример за тоа како СЗО и другите глобални организации станаа мета на дигитални напади бидејќи хакерите бараат информации за пандемијата.

До крајот на март, дигиталните напади против здравствената агенција на ОН двојно повеќе се зголемиле во споредба со почетокот на кризата со коронавирусот.

„Видовме напади кои изгледаат дека се од хакери поддржани од иранската Влада, насочени кон меѓународните здравствени организации генерално преку „фишинг““, рече еден извор, кој работи за технолошка компанија што ја следи криминалната активност во интернет сообраќајот за нападите врз СЗО.

Портпаролот на СЗО рече дека организацијата не верува бидејќи обидот бил успешен, Иран негираше дека е вмешан.

Би можело да ве интересира

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница