Се повеќе нелегални имигранти влегуваат во Германија

Од:

Бројот на нелегални имигранти во Германија забележа рекорд, со оглед на тоа што минатата година се регистрирани 57 илјади случаи или 75 отсто повеќе од лани, соопшти германската полиција.

Во 2014 година долж границите на Германија се извршени 2,3 милиони проверки на имигранти без документи, при што се откриени 30 илјади обиди за незаконско влегување во земјата, во споредба со 17 илјади во 2013 година.

Големо мнозинство од нелегалните имигранти доаѓаат од земјите, кои се зафатени од војна, 14.029 од Сирија, 7.945 од Еритреја и 3.756 од Авганистан.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека сака да ги разгледа плановите за спроведување реформи на националните имиграциски закони, кои ги предложи нејзиниот коалициски партнер и ги отфрли тврдењата дека Владата е поделена по тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он