Се повеќе Јапонки и Јапонци буквално умираат од работа

Од:

Фена – Сараево

Во Јапонија се бележат рекорден број барања за отшета поради смрт од премногу работа, феномен наречен „кароши‟, кој се повеќе ги зафаќа младите вработени мажи и жени. 
Побарувачката за работна сила е најголема од 1991 година, што на премиерот Шинзо Абе треба да му помогне да вклучи се повеќе луѓе на пазарот на трудот и со тоа да ги неутрализира последиците од стареењето на населението.

Но, поради лабавата примена на законот за труд некои фирми премногу ги искористуваат своите вработени, што некогаш завршува со трагични последици.

Во изминатата фискална година се бележи рекорден број на барања за отшета поради „кароши‟, од нив 1456, објави јапонското Министертсво за труд, најчесто во сектори во кои хронично недостасуваат работници, како здравството, јавните служби, шпедицијата и градежништвото.

Генералниот секретар на Националниот совет за жртвите од кароши, Хироши Кавахито смета дека вистинската бројка е веројатно десет пати поголема, но Владата неволно ги признава тие инциденти.
– Владата организираше многу симпозиуми и печатеше постери за оваа тема, но тоа е само пропаганда, вели Кавахито, додавајќи дека единствено решение е помал број на работните часови, а тука владата не прави доволно.
Кавахито како адвокат се бави со кароши од 1980 година и тврди дека порано во 95 отсто од тие случаи биле средовечни мажи во канцелариски дејности, но дека денес 20 отсто отпаѓаат на жените.
Во Јапонија не постои законско ограничување на бројот на работните часови, а Министертсвото за труд препознава два вида на кароши, смрт како последица на кардиоваскуларни болести поврзани со претерана работа и самоубиства поради деловен стрес.
Така смртта од кардиоваскуларни болести се смета за кароши ако работникот работел над 100 прекувремени часови во претходниот месец или 80 прекувремени часови во два или повеќе месеци по ред во последните шест месеци.
Самоубиство се класифицира како кароши ако вработен работел над 160 прекувремени работни часови во еден месец или над 100 часови три месеци по ред. Самоубиствата предизвикани од работа пораснале за 45 отсто меѓу младите до 29 години и за 39 отсто меѓу жените, покажа статистиката на Министерството за труд.
Проблемот се влошува со поделбата на јапонската работна сила на две одвени категории – постојано вработени и тие со договори на одредено време, што се најчесто жени и млади. Во 2015 година вакви случаи биле 38 отсто (од кои 68 отсто жени), што е раст од 1990 година кога биле 20 отсто.
Адвокатите и активистите предупредуваат дека работодавците ги намамуваат, а потоа ги лажат работниците, огласувајќи работа со полно работно време и разумен број на работни часови, а потоа на кандидатите им нудат договор со подолга саатница, често со неплатени ноќни смени и викенди.
Младите работници често се согласуваат на тоа, поради недостиг на искуство, додека жените тоа го прават бидејќи се обидуваат да се вратат на пазарот на трудот по нивната бременост, па сметаат дека тешко ќе добијат можност за друго место, сметаат активистите.
Емико Тераниши, претседателка на групата за поддршка „Семејство со кароши‟, вели дека добива многу поплаки на тактиките за вработување, како фирми кои на новите работници им зборуваат дека нивната плата вклучува 80 прекувремени часови, па ќе мора да ги вратат парите на работодавецот ако работат помалку.
– Во таквиот систем некои луѓе не заработуваат ни минималец, вели Тераниши, чиј сопруг извршил самоубиство по прекувремена работа.
Тие злоупотреби во последните 10 години станеле толку чести што медиумите некои фирми ги ставија на црна листа.
Универзитетскиот професор Хирозаку Оучи лани пишуваше за тие фирми, откако сфатил дека некои негови студенти биле злоставувани на своите привремени работни места. Тој додава дека на Министертсвото за труд му недостасуваат луѓе кои би ги истражувале поплаките.
Неименуван инспектор за труд признава дека во неговиот сектор недостасуваат луѓе, но дека Владата секоја година прави напори за да доведе нови. Одби да го каже своето име поради тоа што не му е дозволено да зборува за медиумите.
Бројот на работноактивното население во Јапонија е во пад од средината на 90-те години, што инаку би требало да доведе до тоа компаниите да ги подобруваат работните услови за да привлечат работници, но Оучи вели дека тоа не се случува поради тоа што им е дозволено да ги избегнуваат правилата.
– Тоа е начин компаниите да го задржат нискиот трошок на работењето, но тоа е и пат кон смрт за работниците од премногу работа, заклучи Оучи. 

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила