Се повеќе Британци стануваат Германци

Од:

Во 2017 година, 7.500 британски државјани се запишани во германската книга за државјанства, соопшти Сојузната канцеларија за статистика во Висбаден.

Во соопштението се наведува дека во периодот по референдумот за Брегзит, одржан во јуни 2016 година, бројот на британски државјани кои побарале германски пасош е зголемен.

– Во 2017 година, 7.500 британски државјани се запишани во германската книга за државјанства, што е пораст за 162 отсто во споредба со 2016 година, кога исто така забележавме пораст, особено по јуни, се додава во соопштението на Канцеларијата за статистика.

Најголем број од овие барања се однесуваат на државјани на Велика Британија, кои веќе со години живеат во Германија.

Сепак, еден дел отпаѓа и на британските државјани чии предци биле германски државјани, кои во екот на национал-социјалистичкиот режим биле присилени да ја напуштат Германија. На овие граѓани автоматски им припаѓа правото на германско државјанство.

Останатите британски државјани треба да исполнат неколку барања, како што се: осумгодишен престој во Германија, познавање на германскиот јазик и доказ дека се во состојба сами да се издржуваат.

Британците, додека Велика Британија е во Европската унија, при барањето германско државјанство не мора да се откажат од своето британско државјанство, како што е за граѓаните од сите земји на ЕУ.

Истовремено е зголемен и бројот на германски државјани со престој во Велика Британија, кои по референдумот за Брегзит добија и државјанство на Велика Британија.

Во 2017 година, 2.636 германски државјани добија британски пасош, што е за 165 отсто повеќе во однос на претходната година.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски