Само неколку дена откако Skoda официјално ја претстави новата генерација на Octavia се појави и жешката изведба RS сосем случајно на онлајн конфигураторот на словенската страница на марката.
Грешката е одстранета во рок од неколку часа благодарение на брзата реакција на раководството, но и тие неколку часа беа доволни за фотографиите да бидат снимени и објавени низ цел свет.
Се претпоставува дека ќе го носи моторот од новиот Golf GTI кој од 2.0 литри испорачува 220 КС, а во спортскиот пакет Performance Package моќноста би била подигната на 230 КС.