Се појави наводна фотографија од Пригожин

Од:

Евгениј Пригожин последен пат беше виден во јавноста на денот на востанието во Ростов на Дон. Оттогаш не се знае каде се наоѓа. По завршувањето на еднодневниот бунт, Александар Лукашенко објави дека е договорено Пригожин да замине во Белорусија.

Но, не се знае каде отишол Пригожин и каде е сега. Пред неколку дена Кремљ потврди дека неколку дена по востанието Путин и Пригожин се сретнале во Кремљ, а Пригожин со себе ги зел и вагнерите.

Сега се појави фотографија која ја објавија руските медиуми. Го прикажува Пригожин како седи во кревет во шатор.

„Руските медиуми објавуваат наводно неодамнешна фотографија на Пригожин во полски шатор во (наводно) Белорусија“, пишува Антон Герашченко, советник на украинскиот МУП.

Автентичноста на сликата не е потврдена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ