Се откажала од цигари на 104 години

Од:

Англичанката Дороти Пил, која го прослави својот 110. роденеден, откри дека престанала со пушењето кога наполнила 104 години.

– Задоволна сум што конечно се откажав од цигарите, изјави оваа жена за британските медиуми. Според нејзиното признание, по откажувањето од зависноста од цигарите, таа продолжува да „живее нормално“, потпинувајќи секој ден по чашка со шери бренди, или виски.

-Не пијам многу, а виски не земам пред седум часот навечер, вели Пил.

Таа живее во еден дом за стари луѓе во англискиот град Хал. Двапати во животот има преживеано тешко авионско бомбардирање на германската воена авијација, во текот на Втората светска војна.

– Не знам како, после се она што ми се случи, успеав да живеам толку долго, вели Дороти Пил, шегувајќи се дека „неа изгледа ништо не може да ја убие“, ниту бомбите во текот на војната, а ниту цигарите и алкохолот, што признава дека ги користи уште од својата младост.

После второто нациситичко бомбардирање, што таа среќно го преживеала, се омаижла за човекот што ја спасил од урнатините. Сега жали дека тој не успеал да „дотурка до својата стотта година“ и што од тогаш живее сама.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство