Се откажал од факултет, а сега заработува и кога спие

Од:

Индекс – Загреб

Откако се запишал на Правниот факултет во родната Шведска, Навид Моазез мислел дека по дипломирањето ќе го работи како правник.

– Во тоа време тоа се чинеше правилно, пред се затоа што не знаев што друго би работел. А потоа, како што поминуваше времето, почнав да сфаќам дека не сакам да бидам врзан за биро цел живот, без голема слобода, изјави Моазез за „Бизнис Инсајдер“.

Од таа причина во 2013 година тој се отпишал од Факултетот и почнал свој бизнис. По две години заработува и до 40.000 долари месечно и може да работи од кое сака место во светот.

Тоа го постигнал така што по неколку месеци откако се отпишал од факултет, покренал своја веб страна. Бил инспириран од луѓе кои имале нетрадиционални кариери и книги како што се „Мисли и стани богат“ и „Како да се освојат пријатели и да се влијае на луѓето“ (истиот прирачник со кој Чарлс Мансон се служел за да ги засака затворениците).

– Немав вистинска работа и постојани приходи во моментот кога се отпишав од факултет. Но сеедно, го направив тоа. На почетокот на сајтот го опишував своето сопствено патување, обидувајќи се на тој начин да ги инспирирам луѓето. Почнав од ништо и без искуство и познанства, па учев многу за да изградам авторитет и личен бренд на интернет, рече тој.

Кога почнал да работи на страницата, Моазез немал конкретна насока, единствена цел му било да ги сподели сопствените искуства (иако тоа не го препорачува на секого). Веднаш на почеток успеал да добие интервју со „кралот на пасивните приходи“ Пат Флин, за кој вели дека ја одредил насоката на страницата и на чие благодарение првпат привлекол поголемо внимание.

– Се вмрежив со некои навистина влијателни луѓе преку онлајн заедницата. Цитатот на Зиг Зиглар ми беше важен: „Во животот можеш да добиеш се, ако помогнеш на доволно луѓе тие да добијат што сакаат“. И тоа е точно тоа што јас се обидував да направам, вели тој.

Како клучен момент го наведе и 30-дневниот блогерски предизвик на Натали Сисон кога напишал над 40.000 зборови. Во 2014 година направил редизајн на страницата, а во април истата година на неа додал и подкаст наречен Архитекти на Животниот стил.

– Интервјуирав фантастични луѓе. Обожувам тоа да го работам и на тој начин изградив најмногу врски, а и добив бесплатно менторство. Но, проблемот беше во тоа што не добивав доволно пари и мојата е-маил листа не растеше брзо, раскажува Моазез.

Потоа малку почнал да истражува и кога слушнал дека луѓе се подготвени да платат за подкастот, смислил идеја за виртуелен самит за лично брендирање кое добило едноставно име „Брандинг Самит“. Учеството го нудел бесплатно, за да ја прошири својата меилинг листа и се јавиле околу 3.000 луѓе. Освен тоа, додал опција купување на бонус подкасти со пријава за самит и набрзо продал 200 парчиња.

– Продавав интервјуа и презентации од самити, имав на него 88 врвни светски претприемачи, но и ексклузивни бонуси како што се интервју во живо со некои од најсилните оратори, привата група на Фејсбук, карти за лајф евент. На почеток тоа беше понуда за 97 долари, а потоа ја зголемив на 147. Моментално е на 197 долари. Почнав да заработувам додека спијам, додека сум во теретана, во продавница, додека сум во авион, објаснува тој.

Додека на почеток работел на страницата, работел и на половина работно време во банка за да има барем некаков приход. Кога самитот земал замав, одлучил да даде отказ. – Беше исто како и со студиите, имав чувство дека се ќе излезе добро. Кон средина на декември му пратив на шефот известување дека давам отказ и 28 декември беше мојот последен работен ден. А се да биде уште подобро, тоа беше ден во кој досега најмногу заработив – 5.400 долари во еден ден, раскажува тој.

Откако собрал 20.000 долари од онлајн бизнисот Моазез продал или донирал повеќе негови работи додека се што поседува било во еден куфер, со кој сега патува околу светот и за тоа време работи.

– Никогаш не бев минималист или не мислев дека ќе живеам на овој начин, но морам да кажам дека неверојатно е добро чувството да се живее на Тајланд, да се оди во Мексико, да се сретнеш со пријатели во САД. Моментно сум во Кабо Сан Лукас, ја комбинирам работата и задоволството и погледот од местото каде живеам е фантастичен. Не е тешко да се биде мотивиран кога секое утро ќе се разбудиш со таков поглед. Освен тоа, знам дека морам да помагам на луѓето. А што повеќе им пружам корисни информации, тоа е подобро и за мене, раскажува Моазез.

На крај советува: „Никогаш не е совршено време за почеток. Направете мал чекор денес, делувајте пред да бидете подготвени, некоја акција ќе биде жестока и едноставно направете го тоа!“

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски