Тројцата космонаути после минати рекордни шест месеци на кинеската вселенска станица се подготвуваат за враќање на Земјата, јавија денеска кинеските медиуми.
Од Кинеската вселенска програма не се соопштува кога точно ќе биде враќањето на кинеските космонаути, но се очекува тоа да се случи в сабота наутро, околу три часот по средноевропско време. Капсулата со тројцата космонаути е предвидено да слета во областа Донфенг во пустината Гоби.
Екипажот на кинеската вселенска станица „Шенжу“ (магичен брод) минаа дури три месеци повеќе од нивните претходници. Тиа на својата мисија во вселената тргнаа на 16 октомври.
За време на престојот во вселената имаа две прошетки во отворен космос, изведоа серија научни експерименти и вршеа подготвителни активности за натамошно проширување на вселенската станица.
До крајот на оваа година кинеската вселенска програма планира да лансира уште два модула за својата станица.
Извор: МИА