Со одлука на Националната Комисија за Одбрана на Северна Кореја, соопштена денеска, основан е Специјален комитет кој ќе ги испита десетиците грабнувања на јапонски граѓани, како и положбата на јапонците кои живеат во Северна Кореја. Комитетот ќе има најшироки овластувања за истраги и ќе може да ги задолжува другите државни органи да помогнат во откривањето на трагите на грабнатите Јапонци и нивните семејства.
Овој потег на Пјонјаг е објавен истовремено со објавувањето на одлуката на јапонската влада да укине дел од забраните од пакетот јапонски санкции воведени кон Северна Кореја. Јапонската влада ги укинува рестрикциите за дозволи за патувања на нивните граѓани во Северна Кореја, како и лимитот пари што тие можат да го носат, ако добиле дозвола за патување во таа држава. Токио ја укина и забраната за пристанување на бродови што се одбележани со севернокорејско знаме на јапонска територија.
Аналитичарите оценуваат дека ова се први, но значајни, знаци за каква-таква нормализација на односите меѓу Јапонија и Северна Кореја. Позитивните раздвижувања се постигнати со посредство на кинеската дипломатија, а за специфичните релации меѓу државите во овој регион претставуваат значаен чекор во коегзистенцијата.