Полицијата ги истражува мотивите на 19-годишниот студент, кој синоќа, вооружен со лажен пиштол, упадна во холандската национална телевизија и побара да зборува во етер.
Властите не го откриваат идентитетот на напаѓачот, кој е во притвор. Но холандските медоиму соопштија дека станува збор за Тарик З, студент на техничкиот факултет во Делфт.
На снимка беше покажано како тој се движи во студиото на телевизијата, држејќи пиштол со пригушувач.
Нема податоци дека случајот е поврзан со исламски тероризам. Според министерот за правда и безбедносни прашања Иво Остелтен, првичната истрага покажала дека тој дејствувал сам.