Итна евакуација се спроведува во највисоката зграда во Лондон, „Шард“, по информациите дека е забележан чад во подземните делови на 87-катниот облакодер.
Пожарникарите го истражуваат изворот од кој доаѓа. Засега нема информации за пожар, а евакуацијата е преземена како превентивна мерка.
Зградата со своите 306 метри е највисоката во Европа. Пред неа пристигнале седум противпожарни возила, како и возила на брза помош. Педесет и шест пожарникари се вклучени во операцијата во зградата.