Се будат спасителите на Европа

Од:

Дојче веле – Бон

Речиси секој викенд илјадници луѓе во поголемите европски градови во рамки на иницијативата „Pulse of Europe” протестираат за Европа. Но, во спасувањето на Европа вклучени се и други иницијативи. Кои се тие и што сакаат?

Во почетокот на февруари во 2016 година Јанис Варуфакис, бајкер и „enfant terrible“ на грчката политика на еден собир во Берлин зборуваше за спас на Европа. „Европа ќе биде демократизирана или ќе се распадне” – вели Варуфакис. Тој во DiEM 25 (Democracy in Europe Movement 2025) е активен од самото основање. Во меѓувреме оваа иницијатива, според сопствените наводи, има 60.000 членови и над 100 локални групи на активисти во 56 земји. Интернетската страница на DiEM 25 е направена на девет јазици, а нејзиниот манифест на 19. За една година од своето постоење DiEM 25 покрај другото спроведе кампања за поголема толеранција на европските институции и против договорот за бегалците со Турција. Исто така е претставен документ, напишан на 100 страници, со идеја за европски „New Deal”.

Хрватскиот филозоф и еден од основачите на DiEM 25 Среќко Хорват е задоволен. „Само во Германија имаме членови во речиси секој град. Тие групи помагаат на бегалците ширум Европа и основаат демократски салони во кои се расправа за излез од европската криза” – вели Хорват.

Во DiEM 25 постојат хиерархиски структури во кои се ангажирани познати активисти како Ноам Чомски и Вивиен Вествуд. Освен тоа оваа иницијатива негува блиски контакти со левите партии во цела Европа. „Една иницијатива може да биде ефективна само кога искуството на своите членови ќе го спои со нивните активности и енергија. Еден од примерите се економските експерти” – вели Хорват.

Задоволува тоа што моментално голем број на луѓе излегуваат на улица во знак на поддршка на Европа, но тоа не е доволно. „Што значи ако ден по протестите се вратите во нормалниот живот како ништо да не било? Во мај DiEM 25 во Берлин ќе ги претстави плановите за идните две години”.

„The European Moment”

„Денот по Брегзитот навистина ми беше лошо” – вели Катја Синко. „Отпатував ан Балтичкото море да ги тргнам лошите мисли и малку да ја разбистрам главата. Мислам дека е ужасно тоа да се доведе во прашање нешто кое ми е многу важно” – вели 27 годишната студентка на Европскиот Универзитет во Франкфурт на Одра. Од почетокот на годината Катја Синко има малку време за студирање. Во јануари заедно со други европски фанови ја покрена кампањата „The European Moment”. „2016 година политички гледано беше многу лоша година. Имаше негодувања, но повеќе од тоа ништо не се случи. Мислам дека 2017 мораме да ја земеме сериозно и да кажеме – Сега нешто ќе направам” – вели Синко. „Мојата генерација бесплатно ги збираше плодовите од ЕУ. За нив не моравме да се бориме. Меѓутоа, мислам дека на нас сега останува да ја браниме ЕУ и да ја обликуваме европската иднина”.

Активностите на иницијативата „Pulse of Europe” не се доволни: „Не е доволно само да се мафта со знаменца на ЕУ. Сакаме промени, поинаква Европа. Во тоа не спаѓаат моменталните расправии. Пред се потребна е поголема солидарност. Кога ќе размислам дека секој втор Шпанец помлад од 25 години е невработен, тогаш ми пука моето европско срце. Мислам дека тоа не е фер” – вели Синко. Меѓу барањата на „The European Moment” покрај другото се и „солидарна и праведна економска и социјална политика, како и поамбициозен и заеднички европски ангажман против климатските промени”.

Целта на кампањата е исто така да се спојат различните проевропски иницијативи. „Проблем е што секој готви своја супа” – вели Синко и додава: „Не можеме да очекуваме соработка на националните држави, ако тоа ние самите не го успееме”. Планирано е секој месец во главните градови на земјите членки на ЕУ да се одржуваат проевропски протести. Првиот ќе биде одржан на 29 април, неколку дена пред вториот круг на изборите во Франција.

„Stand Up for Europe”

Различните иницијативи да се доведат на иста маса и да се обединат силите – тоа е желба на движењето „Stand Up for Europe” основано во Белгија. „Проевропската сцена е многу разединета” – вели претседателот на движењето Ричард Лауб. „Секој се придружува на својот проект. Нашата цел е да ги обединиме сите проевропски движења и да направиме критична маса која навистина може нешто да направи” – вели Лауб. Поради тоа, ова движење е во контакт со „Puls of Europe” и други движења.

Активисти на Кампањата „The European Moment”

Слично како и DiEM 25 и „Stand Up for Europe” има амбициозен концепт: поголема европска интеграција, директна демократија и солидарност. Меѓу конкретните барања се европскиот Устав и европската тајна служба. Оваа иницијатива е активна во локалните тимови и Универзитетите во цела Европа. Освен тоа имаат поддршка од белгиските и европските политичари.

Членовите на оваа иницијатива своите извештаи редовно ги објавуваат во белгиските медиуми. Таквата пракса наскоро треба да се прошири и на другите земји. Сепак, до луѓето најмногу доаѓа преку социјалните мрежи. Оваа иницијатива на Фејсбук има 80.000 фанови.

Кога се работи за иднината, „Stand Up for Europe” има големи планови: граѓанска иницијатива на тема за миграцијата која ќе биде раширена на цела Европа, уметнички проекти во кои би биле вклучени познати уметници од разни земји и еден вид на европски Ден на младите. Лауб верува дека самите демонстрации нема да донесат многу. „Ако ништо не преземеш, освен секоја недела луѓето да ги викаш да излезат на улиците, тогаш набрзо ќе биде тешко да се одржи таа динамика”.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп