СДП: Романската Влада во првиот квартал реализира 70 проценти од ветеното

Од:

Владата на Романија исполнила 70 проценти од ветувањата, покажува првиот извештај на Комисијата за мониторинг на Социјалдемократската партија (СДП), што ја следи раелизацијата на партиските цели, наведени за време на предизборната кампања, како и управувачката програма, пишува денеска весникот „Гандул“.

Комисијата е составена од десет членови, меѓу кои и лидерот на СДП Ливиу Драгнеа и градоначалникот на Букурешт Габриела Фирја.

Комисијата за мониторинг во извештајот наведува дека за првиот квартал од 2017 година има 54 ветувања дадени во текот на предизборната кампања и во владината програма.

– Реализирани се 38. Имаме реализирано над 70 отсто од ветеното за првото тромесечие. Тоа е многу добар резултат, истакна на прес-конференција претставникот на СДП, Адриан Добре.

Добре истакна дека романската Влада за овој период успеала да ги зголеми приходите за речиси сите социјални категории, за кои постоел ризик за сиромаштија. Зголемена е основната плата на 319 евра, зголемени се платите во образованието и здравството, укинато е плаќањето на социјално осигурување за дополнителни приходи за пензионерите, а од први март се зголемува и минималната социјална пензија, двојно се зголемени средствата за студенстски стипендии и веведен е бесплатен железнички превоз за учениците.

Опозициската Национално-либерална партија на Романија (НЛП) има долгови од шест милиони евра, пишува денеска весникот „Евениментул зилеј“.

– Имаме голем проблем што се однесува до финансиската состојба на партијата. Тоа се проблеми што се наследени. НЛП има задолженија од речиси шест милиони евра, што доаѓаат од поранешната НЛП и поранешната Демократско-либерална партија, изјави помошник-секретарот на партијата Флорин Роман.

Лидерот на партијата Палука Туркан не посочи до кога треба да бидат вратени долговите на партијата.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски