Најголемата руска банка „Сбербанк“ очекува до 2022 година штетата за глобалната економија предизвикана од кибер нападите да изнесува од осум до 10 билиони (илјада милијарди) долари, изјави денеска заменик-извршниот директор на банката Станислав Кузњецов на Светскиот економски форум во Давос.
– Штетата за руската економија предизвикана од кибер нападите во 2018 година изнесува 1,3 билиони рубљи (19,6 милијарди долари). Кој е трендот во однос на штетата што кибер нападите ја предизвикуваат на глобалната и руската економија? За жал, предвидуваме нејзин натамошен раст, рече Кузњецов.
Тој додаде дека таа бројка до 2022 година, доколку состојбата не се промени, може да достигне од осум до десет билиони долари.