СБ: Најпогодените земји од ебола ќе претрпат штети од три до четири милијарди долари

Од:

Светската банка предвидува дека епидемијата од ебола земјите јужно од Сахара ќe ги чини од три до четри милијарди долари. Тоа е многу помалку од претходните предвидувања односно од најлошото сценатио од 32 милијарди долари, изјави денеска главниот економист за Африка на СБ, Франсиско Ферејра.

Тој посочи дека е намалена опасноста од најлошото сценарио за влијанието на еболата врз економијата, поради успешното справување со епидемијата во некои земји.

– Опасноста не е сведена на нула, се уште е потребен висок степен на подготвеност и фокусираност, наведе Ферејра.

СБ во октомврискиот извештај истакна дека ако вирусот се прошири надвор од границите на Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија, Африка би претрпела штети од десетици милијарди долари поради нарушување на трансграничната трговија, рутите на достава и туризмот.

Поради тоа СБ побара меѓународни напори за спречување на најлошите сценарија. Обединетите нации испратија медицински персона во најпогодените земји, а се зголеми и финансирањето на борбата против еболата.

Според Светската здравствена организација, до 14 ноември во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале 5.177 луѓе, а 14.133 се инфицирани.

Би можело да ве интересира

Светска банка: Постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот

А1он

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка