СБ на ОН побара итен прекин на огнот во израелско-палестинскиот конфликт

Од:

Советот за безбедност на ОН на денешната седница побара прекин на огнот во израелско-палестинскиот конфликт кој е концентриран на Газа.

Во декларацијата усвоена од сите 15 членки се бара деескалирање на насилството, враќање на мирот и продолжување на директните преговори меѓу Израел и Палестинците со цел постигнување сеопфатен мировен договор врз основа на решение за постоење на две држави.

Во документот се изразува загриженост поради кризата поврзана за Газа и за заштита на животите и имотите на цивилите од двете страни. Покрај тоа, СБ на ОН бара почитување на меѓународните хуманитарни закони, вклучувајќи и заштита на цивилите.

Денешната резолуција не е законски обврзувачка за двете страни во конфликтот, но го одразува мислењето на претставниците на меѓународната заедница и е прв одговор на СБ на ОН, кој инаку нема единствен став кон израелско-палестинскиот судир.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници