Советот за безбедност на ОН денеска едногласно го одобри продолжувањето на испораката на хуманитарна помош за околу четири милиони луѓе во северозападна Сирија во близина на Турција, за уште шест месеци.
Овластувањето на Советот за безбедност е неопходно, бидејќи без тоа сириските власти не се согласуваат со хуманитарната операција, со која од 2014 година се доставува помош, вклучително и храна, лекови и засолниште во областите во Сирија кои се под контрола на опозицијата.
Претходно хуманитарните организации предупредија дека хуманитарната криза во Сирија ќе се продлабочи без продолжување на резолуцијата што истекува во вторник.
Механизмот за помош гарантира дека помошта на ОН се доставува преку Турција до сириските региони кои не се контролирани од Владата. Поддршката беше продолжена неколку пати во минатото.
Извор: МИА