СБ на ОН едногласно одлучи преминот меѓу Турција и сириски Идлиб да остане отворен

Од:

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно одлучи граничниот премин меѓу Турција и северозападна Сирија, кој е под контрола на бунтовниците, да остане отворен во следните шест месеци за испорака на важни помош.

Русија, главниот сојузник на Сирија, исто така гласаше за одлуката, што е изненадувачки потег бидејќи претходно се воздржуваше или ставаше вето на резолуциите за прекугранична испорака на помош.

Москва се залагаше хуманитарната помош, наместо преку турската граница, да биде пренесена во северозападната сириска провинција Идлиб со конвои од областите контролирани од владата во Дамаск, преку линиите на конфликтот. Турција ги поддржува бунтовниците уште од првите години на граѓанската војна во Сирија.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека страшната хуманитарна ситуација во Сирија се влошува и оти милиони Сиријци можеби нема да ја преживеат зимата доколку не се обноват испораките на помош за Идлиб од Турција.

Гутереш рече дека пратките со помош се зголемени преку борбените линии во Сирија, но додаде дека тие не можат да ја заменат „големината или обемот на масовната прекугранична операција на Обединетите нации“. Конвој од 18 камиони вчера влезе во Идлиб преку линиите на фронтот контролирани од сириските владини сили.

Советот за безбедност во јули усвои резолуција за шестмесечно продолжување на испораката на хуманитарна помош за Идлиб, каде живеат 4,1 милион луѓе. Многу од нив се внатрешно раселени поради речиси 12-годишниот конфликт во кој загинаа стотици илјади луѓе, а раселени се половина од 23-те милиони кои живееле во Сирија пред војната.

Денешната резолуција дозволува испораката на помош за Идлиб преку преминот Баб ал Хава од Турција да продолжи во следните шест месеци, до 10 јули.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија