СБ без договор за заедничка декларација за Сирија

Од:

Советот за безбедност на Обединети нации вчера не постигна договор за заедничка декларација за Сирија, изјавија неименувани дипломати.

На состанокот зад затворени врати, претставникот на Обединети нации за Сирија, Геир Педерсен повика на единство.

– Моменталните поделби во меѓународната заедница мора да бидат надминати, изјави Педерсен по виртуелниот состанок.

Тој додаде дека постои „потреба за конструктивна меѓународна дипломатија за Сирија и оти „малку веројатно“ е без дипломатија да продолжат уставните промени во Сирија.

Русија, според неименувани дипломатски извори, повеќе пати ги блокираше преговорите. И претходната рунда преговори за нов устав на Сирија кон крајот на јануари заврши без напредок.

САД и неколку западни држави го обвинуваат претседателот на Сирија, Башар ал Асад дека ја одолговлекува и спречува изработката на нов устав се додека не се одржат претседателски избори, со цел да се избегне мониторинг на изборите од страна на ОН.

Претседателските избори во Сирија треба да се одржат во периодот од 16 април до 16 мај односно најмалку 90 дена пред истекот на седумгодишниот мандат на Асад, кој е на власт од 2000 година.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка