Саудискиот студент не се води како осомничен за нападот во Бостон

Од:

Истрагата за терористичкиот напад врз маратонот во американскиот град Бостон се врати на почеток по информацијата дека саудискиот државјанин кој вчера бил разгледуван како лице од интерес, не е осомничен за нападот.

Сенаторката Дијана Фајнстајн, која е на чело на сенатската комисија за разузнавање, по брифингот организиран денес во Вашингтон информираше дека 20-годишниот студент кој беше грабнат од страна на граѓани и предаден на полицијата откако се однесувал сомнително по експлозијата на бомбите, не се води како осомничен.

– Колку што јас знам, тој не е осомничен, изјави Фајнстајн по брифингот кој го водел заменик директорот на ФБИ Шон Џојс. Денес попладне во Капитол треба да сведочи и заменик директорот за национално разузнавање Џејмс Клапер. Фајнстајн изјави дека, според неа, се работи за терористички напад во кој сега е потребно да се обезбедат доказите од огромниот простор околу целната линија на маратонот, каде во експлозија на две бомби беа убиени три лица, а над стотина беа ранети.

Државниот секретар Џон Кери, пак, во Стејт департментот се сретна со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Сауд ал Фаизал. Според Стејт департментот, на средбата не се разговарало за саудискиот студент.

Стејт департментот беше затворен за фотографите и снимателите заинтересирани барем да ја фотографираат средбата меѓу Кери и Фаизал. Двајцата министри изразиле сочувство за жртвите во Бостон, но од Стејт департментот не коментираат за можна поврзаност на саудиски државјани со најголемиот терористички напад во САД по 11 септември 2001 година.

Дејвид Акселрод, високиот советник на претседателот Обама, во медиумски настап загатна дека нападот можеби е поврзан со жетоката дебата која се води во САД околу буџетот и даноците.

Акселрод потсети дека нападот се совпадна со крајниот рок за пријавување на даноците во САД, но ја прекина мислата сред реченица. Акселрод коментарот го даде објаснувајќи зошто претседателот Обама, во своето прво обраќање по нападот, не го употреби зборот тероризам.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он